ПРИЈАВА НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ПО АВТООДГОВОРНОСТ КОН ТРЕТИ ЛИЦА

Во случај на мала материјална штета се пополнува Eвропски Извештај по можност на лице место за да може да се направи реконструкција на начинот на кој се случила сообраќајната незгода со возилата – учесници во незгодата. Се прават фотографии на кои се гледаат и двете возила – учесници, при што пожелно е да се извести и најблиската полициска станица, која понатаму за потребите на компанијата и учесниците на тој начин ќе биде во можност да издаде службена белешка за незгодата. Потоа возилата се отстрануваат од коловозот и во најкраток можен рок двајцата учесници треба да ја пријават штетата во компанијата на причинителот. На увид се носат и двете возила (заради реконструкција на настанот).

Единствен услов за употреба на европски извештај во случај на сообраќајна незгода е двете возила да бидат подвижни, а во спротивно потребно е да се повика полиција која ќе изготви полициски записник. Во случај кога има полициски записник (за поголеми материјални штети) причинителот не треба да дојде со оштетениот во компанијата за пријава на штета.

–  Пријава на материјална штета online да испраќате докуметација со пополнети формулари на E-mail:  steti@zoil.mk

1.БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА

* СО ПОЛИЦИСКИ ЗАПИСНИК
Потребни документи за пријава на материјална штета – возило:

  • Пријава за надомест на штета (преземи формулар) 
  • Полициски записник со сите прилози во случај на случена сообраќајна незгода
  • Копија од сообраќајна дозвола од оштетено возило
  • Копија од возачка дозвола од возачот на оштетеното возило
  • Копија или број на полиса од причинителот на штета од Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола
  • Полиса за автоодговорност на оштетен
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода (преземи формулар) 
  • Копија од трансакциска сметка од сопственикот на возилото
  • Фотографии од лице место од сообраќајната незгода (доколку поседува)
  • Увид на оштетено возило
  • Понуда за поправка/Фактура за извршена услуга на поправено возило

 

* СО ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ
Потребни документи за пријава  на материјална штета –
возило:

  • Пријава за надомест на штета (преземи формулар) 
  • Европски извештај – пополнет и потпишан од сите учесници
  • Копија од сообраќајна дозвола од оштетено возило
  • Копија од сообраќајна дозвола од возилото на причинителот
  • Копија од возачка дозвола од возачот на оштетеното возило
  • Копија од возачка дозвола од возилото на причинителот
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода од причинителот (преземи формулар) 
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода од оштетениот
  • Полиса за автоодговорност на оштетен во незгодата
  • Полиса за автоодговорност на причинителот на незгодата
  • Реконструкција на возилата (увид)
  • Слики од лие место на сообраќајната незгода (доколку поседуваат)
  • Копија од трансакциска сметка од сопственикот на возилото
  • Понуда за поправка/Фактура за извршена услуга на поправено возило

* КАСКО ШТЕТИ

Потребни документи за пријава на каско штети:

  • Пријава за надомест на штета (преземи формулар) 
  • Копија од сообраќајна дозвола од возилото
  • Копија од возачка дозвола на возачот кој го управувал возилото
  • Изјава на возачот учесник во незгодата за настанување на штетниот настан (преземи формулар) 
  • Полномошно за управување на возилото (доколку осигуреникот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија)
  • Европски извештај со сите прилози (доколку е применет)
  • Полициски записник со сите прилози во случај на случена сообраќајна незгода. 
  • Копија од трансакциона сметка од сопственикот на возилото
  • Понуда за поправка или фактура за извршена услуга на поправено возило
  • Фотографии од поправено возило
  • Фотографии од лице место или друг доказ за настанување на сообраќајната незгода (доколку осигуреникот поседува)

За пријава на материјална штета online и дополнителни информации да се обраќате на маилот  steti@zoil.mk и на телефонскиот број 076/511-811 од 08-16 часот секој работен ден.

Напомена: ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола во секој случај го задржува правото за барање, прибирање и обезбедување на друга дополнителна доказна документација да бара дополнителни објаснувања од оштетениот и надлежните органи и инстутуции, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кои не можат да се утврдат од доставената документација.