ОСИГУРУВАЊЕ - ДОМ

– Домот е местото кадешто се создаваат и негуваат спомените – Неговото осигурување е проактивна мерка за да се заштити вашата финансиска благосостојба, заштити вашиот имот, со што ќе ја имате потребната поддршка во услови на неочекувани настани

ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Oсигурувањето на домот е една од најдобрите инвестиции што можеме да ги направиме. Се што сме граделе со години може во еден миг да го изгубиме. ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола Ви нуди три пакети со кои ја обезбедуваме сигурноста на домот: Стандард, Комфорт, Елите пакет

ПОЖАРНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМОТ

Пожар е оган појавен надвор од своето огниште или оган кој го напуштил тоа место и способен понатаму да се развива. Со овој тип на осигурување го заштитувате вашиот имот од огнените стихии кои за миг можат да го зафатат имотот. Исто така кај нас, во ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА можите да извадите осигурување со кое ќе го винкулирате вашиот имот во корист на сите банки.