Листа на потребна документација за штети по сите класи

1.БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА

* СО ПОЛИЦИСКИ ЗАПИСНИК

Потребни документи за пријава на материјална штета-возило:

  • Пријава за надомест на штета
  • Полициски записник со сите прилози во случај на случена сообракајна незгода
  • Копија од сообраќајна дозвола од оштетено возило
  • Копија од возачка дозвола од возачот на оштетеното возило
  • Копија или број на полиса од причинителот на штета од Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола
  • Полиса за автоодговорност на оштетен
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода
  • Копија од трансакциска сметка од сопственикот на возилото
  • Фотографии од лице место од сообраќајната незгода (доколку поседува)
  • Увид на оштетено возило
  • Понуда за поправка/Фактура за извршена услуга на поправено возило

 

* СО ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ

Потребни документи за пријава  на материјална штета -возило:

  • Пријава за надомест на штета
  • Европски извештај – пополнет и потпишан од сите учесници
  • Копија од сообраќајна дозвола од оштетено возило
  • Копија од сообраќајна дозвола од возилото на причинителот
  • Копија од возачка дозвола од возилото на причинителот
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода од причинителот
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода од оштетениот
  • Полиса за автоодговорност на оштетен во незгодата
  • Полиса за автоодговорност на причинителот на незгодата
  • Реконструкција на возилата (увид)
  • Слики од лие место на сообраќајната незгода (доколку поседуваат)
  • Копија од трансакциска сметка од сопственикот на возилото
  • Понуда за поправка/Фактура за извршена услуга на поправено возило

 

* КАСКО ШТЕТИ

Потребни документи за пријава на каско штети:

  • Пријава за надомест на штета
  • Копија од сообраќајна дозвола од возилото
  • Копија од возачка дозвола на возачот кој го управувал возилото
  • Изјава на возачот учесник во незгодата за настанување на штетниот настан
  • Полномошно за управување на возилото (доколку осигуреникот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија)
  • Европски извештај со сите прилози (доколку е применет)
  • Полициски записник со сите прилози во случај на случена сообраќајна незгода.
  • Копија од трансакциона сметка од сопственикот на возилото
  • Понуда за поправка или фактура за извршена услуга на поправено возило
  • Фотографии од поправено возило
  • Фотографии од лице место или друг доказ за настанување на сообраќајната незгода (доколку осигуреникот поседува)

 

  1. ПРИЈАВА НА НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ПО АВТООДГОВОРНОСТ КОН ТРЕТИ ЛИЦА

 

Потребни документи за обработка на нематеријални штети од АО

 

  1. Барање за надомест на нематеријална штета

 

  • Пријава за надомест на штета
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Полномошно за застапување (доколку оштетениот има полномошник)
  • Комплетен Полициски записник со сите прилози
  • Извод од матична книга за родени ( во случај кога оштетеното лице е малолетно)
  • Медицинска документација ( извештај од денот на незгодата, контролни извештаи, РТГ/КТ снимки, ЦД, трошоци за лекување)
  • Копија од трансакциска сметка од оштетениот

 

  1. Барање за надомест на нематеријална штета за претрпн душевен бол поради загуба на блиско лице

 

  • Пријава за надомест на штета
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Полномошно за поднесување на барање или застапување од страна на адвокат/полномошник
  • Извод од матична книга на родени на барателот
  • Извод од матична книга на умрени за починатиот
  • Извод од матична книга на венчани
  • Потврда од општина за живеење во трајна животна заедница
  • Потврда за смрт и лекарски извештај за причината за смрт
  • Потврда од Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија
  • Докази за погребни трошоци
  • Комплетен Полициски записник со сите прилози
  • Копија од трансакциска сметка од оштетениот

 

 

 

  1. ПРИЈАВА НА ИМОТНА ШТЕТА

Потребни документи за поднесување на барање за надомест на штета по осигурување имот

 

  • Пријава или потврда од МВР при пожар или кражба
  • Полиса за осигурување
  • Потврда од УХРМ за луња или град
  • Копија од трансакциска сметка на сопственикот на имот

 

Во зависност од класата на осигурување и остварениот ризик, потребни се следниве дополнителни документи:

  • Осигурување од пожар и други опасности
  • Потврда за луња или град
  • Книговодствена евиденција за осигурени предмети или список на осигурени предмети
  • Записник за процена на штета
  • Записник за максимално можно покритие
  • Фактури за извршена поправка
  • Понуди за поправка на оштетен објект или предмет
  • Фактура или понуда за новонабавна вредност на оштетен предмет на ден на штета

 

  • Други имотни осигурувања
  • Книговодствена евиденција за осигурени предмети или список на осигурени предмети
  • Пописни листи пред и по кражба
  • Набавни фактури за украдени предмети
  • Записник за процена на штета
  • Записник за максимално можно покритие
  • Понуди за поправка на оштетен објект или предмет
  • Фактури за поправка и работни налози
  • Фактура или понуда за новонабавна вредност на оштетен предмет на ден на штета

 

  • Потребни документи за обработка на ЦМР штети

 

  • Пополнета пријава на штета од превозникот заверена со потпис и печат
  • Полиса за осигурување
  • Оштетно барање на оштетеното лице
  • Писмена изјава на возачот и неговиот помошник за причината и околностите за настанување на штетата
  • Копија од возачката дозвола на возачот
  • Копија од сообраќајните дозволи на влекачот и приколката
  • Превозни документи (товарен лист, договор)
  • Извозна царинска декларација
  • Увозна царинска декларација
  • Фактура од превозникот до корисникот на превозот за цената на превозот
  • Фактура или друг доказ за вредноста на пратката
  • Записник од полиција ако настанала сообраќајна незгода или кражба на пратката
  • Записник за оштетувањата на робата од страна на примачот
  • Записник за преглед и констатација на состојбата во која е примена стоката
  • Записник за извид и процена на висина на штетата со утврдување на причините за настанување на штетата
  • Доказ дека сте ја подмириле обврската за штетата кон оштетеното лице
  • Фотографии од возилото со кое е превезувана стоката и од состојбата на стоката при прием
  • Доказ (документ) што е направено со оштетената роба
  • Записник од надлежен санитарен инспекторат дека стоката не е за употреба доколку е целосно оштетена
  • Ако стоката е делумно или целосно оштетена, записник за нејзино уништување од надлежен орган кој ја уништувал
  • Други документи врз основа на кои може да се утврди постоење или непостоење на одговорност на осигуреникот за настанатата штета
  • Останата документација за докажување на настанатата штета и нејзината висина
  • Доказ дека побарувањето на оштетеното лице е исплатено
  • Копија од трансакциска сметка

 

  • Потребни документи за обработка на штети карго/транспорт

 

  • Пополнета пријава на штета од осигуреникот заверена со потпис и печат
  • Оштетно барање на оштетеното лице
  • Полиса за осигурување
  • Фактура или друг доказ за вредноста на пратката
  • Записник за преглед и констатација на состојбата во која е примена пратката
  • Фотографии од пратката пред испраќање
  • Фотографии за состојбата на пратката при прием
  • Доказ дека побарувањето на оштетеното лице е исплатено
  • Копија од трансакциска сметкa

 

  • Потребни документи за обработка на штети пожар и некои други опасности (класа 08) и домаќинско осигурување (класа 09)

 

  • Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат
  • Изјава за случениот настан
  • Полиса за осигурување
  • Имотен лист од оштетениот објект/книговодствена картица
  • Потврда од МВР/ Потврда од ЕППЗ/ Потврда од УХМР
  • Фотографии или друг доказен материјал за случениот настан-доколку поседувате
  • Копија од трансакциска сметка

 

  • Потребни документи за обработка на штети од провална кражба и разбојништво

 

  • Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат
  • Детална изјава од сопственикот/вработениот за извршената кражба
  • Полиса за осигурување
  • Потврда од МВР за случениот настан
  • Листа/список на украдени ствари
  • Доказ/дневен финансиски извештај за промет од денот пред кражбата
  • Лагер листа за денот пред кражбата
  • Записник за состојбата со залихите
  • Влезни фактури за стварите пријавени како украдени
  • Материјални/книговодствени картици за украдените ствари
  • Фактура за поправка на оштетените градежни делови на просториите, инсталациите и опремата во кои се наоѓаат осигурените ствари при извршување или обид на провална кражба односно разбојништво
  • Фотографии/видео снимка или друг доказен материјал во врска со извршената кражба-доколку поседувате
  • Копија од трансакциска сметка

 

  • Потребни документи за обработка на штети кршење машини (класа 09)

 

  • Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат
  • Изјава за случениот настан
  • Полиса за осигурување
  • Список на осигурана опрема
  • Книговодствена картица на оштетеното средство
  • Понуда/фактура со работен налог од сервисерот кој ја извршил поправката
  • Фотографии или друг доказен материјал за случениот настан-доколку поседувате
  • Копија од трансакциска сметка
  • Да се обезбедат услови за реализирање на контролата на поправената машина и заменетите делови

 

  • Потребни документи за обработка на штети кршење стакло (класа 09 тарифа 05)

 

  • Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат
  • Полиса за осигурување
  • Изјава од сопственикот/вработениот за случениот настан
  • Доколку настанот е пријавен во МВР потребна е потврда од МВР
  • Фактура со работен налог за промена на скршеното стакло
  • Фотографии/видео снимка или друг доказен материјал во врска со случениот настан-доколку поседувате
  • Копија од трансакциска сметка

 

  • Потребни документи за обработка на штети објекти во градба, објекти во монтажа (класа 09 тарифа 07, 08)

 

  • Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат
  • Изјава од сопственикот/вработениот за случениот настан
  • Потврда од МВР/ Потврда од УХМР
  • Полиса за осигурување
  • Книговодствена картица/Фактура за набавка/Имотен лист/Извод од градежна книга
  • Фактура за реализирана интервенција со налог/извод од градежна книга
  • Фотографии или друг доказен материјал во врска со случениот настан-доколку поседувате
  • Копија од трансакциска сметка

 

  • Потребна документација за обработка на штети Техничка опрема
  • Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) (преземи формулар)

 

 

  1. КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ – НЕЗГОДА;

ВРАБОТЕНИ/УЧЕНИЦИ

 

*Колективно осигурување од незгода – вработени/ученици – барање за траен инвалидитет

 

  • Пополнета Пријава/образец на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД БИТОЛА, со точна адреса и телефонски број
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Копија од полиса
  • Потврда за редовен работен однос со точен датум на стапување или Потврда за редовен ученик
  • Полициски записник во копија – Доколку несреќниот случај-незгода е настанат при сообраќајна незгода
  • Комплетна медицинска документација од денот на повредата и контролните прегледи и РТГ /КТ снимки во зависност од состојбата
  • Сметкопотврди за лекување во оригинал
  • Боледувања
  • Копија од трансакциска сметка од осигуреникот/родителот

 

*Колективно осигурување од незгода – вработени/ученици – барање за смрт од болест или незгода

 

  • Пополнета Пријава/образец на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД БИТОЛА, со точна адреса и телефонски број
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Фотокопија од полиса
  • Потврда за смрт од болница, медицинска документација, односно Историја на болеста за починатиот ( фотокопија )
  • Комплетен Полициски записник со сите прилози / Службена белешка ( доколку станува збор за смрт од несреќен случај, осигурувачот го задржува правото да побара резултати од извршено алкотестирање, Решение од ОЈО и слично)
  • Копија од трансакциска сметка
  • Извод од матична книга на родените од барателите / наследниците во оригинал  или фотокопија заверена на нотар ( не постар од 6 месеци )
  • Извод од матична книга на умрени (не постар од 6 месеци) во оригинал или фотокопија заверена на нотар
  • Извод од матична книга на венчани доколку починатото лице било во брак (не постар од 6 месеци) и доколку постои таква заедница, а ако не постои, Изјава дадена од страна на наследникот дека нема други законски наследници во согласност со член 16 од Општите услови )
  • Изјава дадена на нотар од страна на сопругот/сопругата на починатото лице дека нема други законски наследници (како што се вонбрачни деца од претходен брак и сл.) или Решение од оставинска постапка
  • Потврда за редовен работен однос со точен датум на стапување или Потврда за редовен ученик

 

 

  1. ОБРАБОТКА НА ШТЕТИ ОД ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

–      Потребни документи за пријава на штета од страна на осигуреникот:

 

  • Пополнета Пријава/образец на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола, со точна адреса и телефонски број
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Изјава од осигуреникот, во која ќе ги наведе околностите под кои се случил настанот, односно од кои причини имал потреба од лекарска интервенција
  • Оргинална фактура за платено лекување и доказ дека истата е платена од негова страна
  • Специјалистички извештај од доктор, односно комплетна медицинска документација
  • Фотокопија од предната страна од пасошот, од влезните и излезните печати
  • Копија од полисата за патничко осигурување
  • Копија од транскациска сметка од осигуреникот/родителот

 

  • Потребни документи за пријава на штета од страна на здравствена установа

 

  • Известување по е-маил или пошта за настанат осигурен случај
  • Фотокопија од полисата за патничко осигурување
  • Специјалистички извештај од доктор/Отпусно писмо, односно комплетна медицинска документација
  • Фотокопија од предната страна од пасошот, од влезните и излезните печати
  • Фактура за извршена медицинска услуга

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ОБРАБОТКА НА ШТЕТИ ОД ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
  • Пополнета Пријава/образец на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола, со точна адреса и телефонски број
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Медицински извештај со наведена дијагноза и упат
  • Препишани рецепти за лекови / помагала од страна на овластен лекар
  • Оригинална фискална сметка / фактура за извршените медицински услуги и купени лекови/помагала
  • Фотокопија од денарската тековна сметка на осигуреникот – корисникот на осигурувањето

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ОБРАБОТКА НА ШТЕТИ ПО ЗЕЛЕН КАРТОН

*Барање за надомест на нематеријална штета

  • Известување по е-маил или пошта за настанат осигурен случај со Барање за исплата на штета од трето лице поднесено до обработувачот
  • Полициски записник/Европски извештај
  • Специјалистички извештај од доктор/Отпусно писмо, односно комплетна медицинска документација
  • Фотокопија од зелен картон
  • Изјава од осигуреник на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола ( доколку настанот е евидентиран со ЕИ)
  • Доказ за исплатена штета на трето лице
  • Барање за рефундација од страна на обработувачот на штетата

 

 

*Барање за надомест на материјална штета

  • Известување по е-маил или пошта за настанат осигурен случај со Барање за исплата на штета од трето лице поднесено до обработувачот
  • Полициски записник или Европски извештај
  • Комисиски записник со слики од оштетениот објект/возило
  • Сообраќајна дозвола од оштетеното возило
  • Фотокопија од зелен картон
  • Изјава од осигуреник на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола (доколку настанот е евидентиран со ЕИ)
  • Доказ за исплатена штета на трето лице
  • Барање за рефундација од страна на обработувачот на штетата

 

 

Напомена: ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола во секој случај го задржува правото за барање, прибирање и обезбедување на друга дополнителна доказна документација да бара дополнителни објаснувања од оштетениот и надлежните органи и инстутуции ( зависно од класата на осигурување по која е достацвено оштетеното побарување), а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кои не можат да се утврдат од доставената документација.