КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ – НЕЗГОДА; ВРАБОТЕНИ / УЧЕНИЦИ

Исплатата на осигурената сума по основ на траен инвалидитет се врши врз основа на договорот за осигурување и условите за осигурување од несреќен случај – незгода наведени во договорот за осигурување.

 

*Колективно осигурување од незгода – вработени / ученици – барање за траен инвалидитет

  • Пополнета Пријава/образец на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД БИТОЛА, со точна адреса и телефонски број  (преземи формулар)
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Копија од полиса
  • Потврда за редовен работен однос со точен датум на стапување или Потврда за редовен ученик
  • Полициски записник во копија – Доколку несреќниот случај-незгода е настанат при сообраќајна незгода
  • Комплетна медицинска документација од денот на повредата и контролните прегледи и РТГ /КТ снимки во зависност од состојбата
  • Сметкопотврди за лекување во оригинал
  • Боледувања
  • Копија од трансакциска сметка од осигуреникот/родителот

 

*Колективно осигурување од незгода – вработени/ученици – барање за смрт од болест или незгода

  • Пополнета Пријава/образец на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД БИТОЛА, со точна адреса и телефонски број (преземи формулар)
  • Изјава за согласност за обработка на лични податоци
  • Фотокопија од полиса
  • Потврда за смрт од болница, медицинска документација, односно Историја на болеста за починатиот ( фотокопија )
  • Комплетен Полициски записник со сите прилози / Службена белешка ( доколку станува збор за смрт од несреќен случај, осигурувачот го задржува правото да побара резултати од извршено алкотестирање, Решение од ОЈО и слично)
  • Копија од трансакциска сметка
  • Извод од матична книга на родените од барателите / наследниците  во оригинал  или фотокопија заверена на нотар ( не постар од 6 месеци)
  • Извод од матична книга на умрени (не постар од 6 месеци) во оригинал или фотокопија заверена на нотар
  • Извод од матична книга на венчани доколку починатото лице било во брак (не постар од 6 месеци) и  доколку постои таква заедница, а ако не постои, Изјава дадена од страна на наследникот дека нема други законски наследници во согласност со член 16 од Општите услови )
  • Изјава дадена на нотар од страна на сопругот/сопругата на починатото лице дека нема други законски наследници (како што се вонбрачни деца од претходен брак и сл.) или Решение од оставинска постапка 
  • Потврда за редовен работен однос со точен датум на стапување или Потврда за редовен ученик

 

Напомена: ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола во секој случај го задржува правото за барање, прибирање и обезбедување на друга дополнителна доказна документација да бара дополнителни објаснувања од оштетениот и надлежните органи и инстутуции, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кои не можат да се утврдат од доставената документација.