БАРАЊА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Приоритет за Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола претставува грижата за клиентите за заштита на нивната приватност во поглед на податоците кои ни ги откриваат при користење на нашите услуги.

Информациите што следат подолу се наменети за запознавање на клиентите на Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола со кои сакаме да ви понудиме подетални известувања за обработка на Вашите лични податоци со цел превземање дејствија на Ваше барање пред склучување на договорот за осигурување, во врска со склучување и извршување на договорот за осигурување како и за правата кои можете да ги остварите во врска со обработката на тие податоци, сето тоа во согласност со членовите 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.